Претседателот на Бугарската кошаркарска федерација, Георги Глучков, испрати поздравно писмо до КФСМ. Тој на првиот човек, Перо Антиќ му испрати понуда за формирање на заедичко натпреварување во кое би учествувале најдобрите тимови од двете земји. Според Глучков оваа лига би била интересна за фановите во Бугарија и Македонија, а истовремено нема да го уништи квалитетот на националните првенства.