Се чини дека и дефинитивно Реал Мадрид добива жестока конкуренција за ангажманот на “терминаторот“ Ерлинг Халанд. Имено како што пишува шпанска “Марка“, ПСЖ тргнува по секоја цена да го доведе супер Халанд, младиот напаѓач на Борусија Дортмунд. Имено “светците“ сега имаат избор во нападот, но ако се знае дека сите четири ѕвезди, и тоа Нејмар, Кавани, Икарди и Мбапе, во секој момент би можеле да си заминат, тогаш на клубот од “Паркот на Принцовите“ ќе му биде неопходен екстра класа напаѓач.

Интересно е тоа што ако навистина Халанд потпише за ПСЖ, што тогаш ќе прават фудбалерите на тој клуб, дали ќе мораат да ја проголтаат гордоста, посебно ако се знае како му се смееја пред три месеци по реваншот во Лигата на Шампионите