Фантастичниот бразилски лев бек Роберто Карлос помина 11 години во Реал Мадрид, а потоа во 2007 година премина во Фенербахче. Таа година имал две понуди, едната од Челзи, а другата од Фенербахче. Се било спремно за трансфер во лондонскиот клуб, но…

Имав две понуди  – Фенербахче и Челзи. Со Челзи се изјалови работата и затоа го избрав Фенербахче“, открива Карлос.

Со Челзи бевме блиску до потпис. Во Париз се сретнав со Роман Абрамович и со Питер Кенијон (поранешниот директор на Челзи). Се беше договорено, само требаше да се потпише договорот. Имаше проблем со адвокатот. Работата се оддолжи и јас потоа заминав во Фенербахче“, изјави Бразилецот.

100% сум сигурен дека ќе играв одлично во Премиер лигата. Тамошниот фудбал одговара на моите карактеристики“, вели Бразилецот.