Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез ќе остане на оваа позиција и во наредните години.

Според веб-страницата на Белгиска фудбалска асоцијација, договорот со шпанскиот стратег е  продолжен до 2022 година.

Мартинез ја предводи репрезентацијата на Белгија од 2016 година. Под негово водство екипата дојде до настап на СП 2018 година, каде го зазедоа третото место. Последователно, Белгијците се пласираа на Европското првенство 2020 година, завршувајќи како први во квалификациската група.