Мирсад Јонуз, екс селекторот на нашата репрезентација, денеска го имаше првиот тренинг со екипата на Влазнија по паузата поради коронавирусот. И само што дошол во Скадар, веднаш проблеми. Имено, како пишува “Панорамаспорт“, играчите на Влазнија, наку прволигашки клуб од Албанија, не сакале, односно одбиле да тренираат и тоа поради фактот дека не добиле плата во последните четири месеци. Тие прво барале од раководството на клубот да каже што има, па дури потоа ќе се врателе на работа. Но никој од главните не се одзвал на прозивките, па затоа морал самиот Јонуз да ја спасува целата ситуација.

Одржал мотивациски говор и играчите истрчале на терен и го одработиле тренингот, со назнака дека утре мора да има состанок со првите луѓе на клубот. Во спротивно се заканиле дека нема да тренираат.