Англискиот премиерлигаш Ватфорд потврди три случаи на коронавирусот. Откако вчера од Премиер лигата соопштија дека по првичните тестови има шест заразени лица со КОВИД-19, од Ватфорд сами доставија соопштение дека три од случаите се во нивните редови.

„Фудбалскиот клуб Ватфорд потврдува дека три лица имаат позитивен резултат за коронавирусот. Позитивен резултат за коронавирус има кај еден играч и двајца вработени. Тие побараа медицинска доверливост и затоа клубот нема да ги соопштува нивните имиња.

Сите тројца сега ќе бидат изолирани во рок од седум дена во согласност со протоколите утврдени во препораките на Премиер лигата. Строго почитување на упатствата во Премиер Лигата ќе обезбеди безбедно опкружување за работа на играчите“, се вели во соопштението на клубот.