УЕФА го одложи состанокот на извршниот комитет затоа што не добила гаранции од надлежните во Лондон и Амстердам дека се подготвени да ја потврдат улогата на домаќини на натпревари на Европското првенство кое е презакажано за следната година.

Според планот, континенталниот шампионат треба да се одржи во 12 града на 12 стадиони од кои два се лондонскиет „Вембли“ и арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.

На „Вембли“ се планирани седум натпревари (три натпревари во групни фази, еден натпревар од 1/8-финале, полуфинале, но и финалето). Во Амстердам е предвидено одигрување на три натпревари од групната фаза и еден натпревар од 1/8-финалето.