Кадровските промени во повеќе екипи во Формула 1, прават светската јавност на големо да шпекулира околу можниот нов состав на светскиот тркаќки циркус.

Екипата на Рено се шпекулира дека е во потрага по свој прв возач и дека наголемо преговара со легендарниот Фернандо Алонсо за сезоната 2021.

Шпанецот веќе беше дел од овој тим, и во сезоните 2005 односно 2006 година освојуваше и титули со нивниот болид, а дополнително целата ситуација ја подгрева и самиот Флавио Бриаторе.

„Фернандо е мотивиран. Периодот минат надвор од Формула 1 очигледно му пријале. Спремен е за кам бек“ – изјави Бриаторе за ГАзета Дело Спорт. Инаку АЛонсо се пензионираше пред три сезони, а во моментов има 38. Години.