Шефот на медицинската комисија на ФИА, Жерард Сајан, е убеден дека во сегашните услови, ризикот од повторно одложување на стартот на Ф1 во Австрија е минимален. Според Сајан, дури и во случај на десет потврдени случаи на коронавирус во Ф1 тимовите, трката најверојатно ќе се спроведе.

„Ми се чини дека ситуацијата меѓу трката за ГН на Австралија и ГН на Австрија е многу различна. Сега имаме други сознанија за природата на овој вирус. Можеме да спречиме многу работи. Ако на сцената има еден случај на инфекција, или можеби дури десет, ќе можеме да го одржиме ова прво Гран При. Ова нема да биде проблем од медицинска гледна точка и не е важно кој се разболува, некој од стјуардите или Луис Хамилтон. Но, од гледна точка на медиумите и спортот, последиците се малку различни. Треба да ги оцениме и да воспоставиме црвени линии“, вели Сајан.

Стартот на новата Ф1 сезона ќе биде со дветe трки во Австрија закажани за на 5 и 12 јули.