Германскиот бундеслигаш Шалке 04 остро реагираше на тоа што постојано се зборува за нив дека бил омилен клуб на основачот на темилите на нацизмот и еден од најлошите луѓе што постоеле на планетата Адолф Хитлер. Се зборува дека човекот кој е најодговорен за смрт на милиони луѓе во текот на Втората светска војна бил симпатизер на клубот од Гелзенкирхен, а Шалке одговори.

Клубот вели дека Хитлер никогаш не доаѓал на нивните натпревари, ниту рекол дека навива за овој клуб, дури и тврди дека тој го презирал фудбалот.

Баш би сакале да ни објасните од каде се овие тврдења. Повеќе пати проверувавме дали клубот од 1933. до 1945. година преименувал една трибина во „Трибина на Фирерот“, ги изгледавме сите епизоди од серијата ’Ало, Ало’, за да дојдеме до трага но ништо. Можеби бил навивач од фотеља затоа што никогаш не дошол да го гледа Шалке, дури ни на Олимпискиот стадион во Берлин за титулата. Можеби премногу бил окупиран со геноцид или едноставно не го сакал фудбалот“, напишале од Шалке.

Тоа го утврди научната студија која ја објавивме во 2004 година. Шалке освои шест титули за време на Третиот рајх и авторите проверуваа дали е тоа поради поддршката на нацистите. Резултатот бил јасен: таа теорија е глупост“, одговорија од Шалке.

На крајот од Шалке напишале интересна порака наменета за британски „Тајмс“ која објави приказна за 50 најпознати фудбалски навивачи, а меѓу нив и Хитлер кој навивал за Шалке.

Тоа што Хитлер бил навивач на Шалке затоа што освоиле најмногу титули за време на неговиот режим, тоа мора да значи и дека Маргарет Тачер е навивач на Ливерпул. А таа, интересно, не е на вашата листа“.