Во големи проблеми е Динамо Загреб во пресрет на евро настапите ова лето. Имено со оглед на земјотресот во Загреб пред два месеци, и оштетувањето на стадионот “Максимир“, и дефинитивно не може да се играат наторевари од висок ранг на овој стадион.

Проблметична е источната трибина, и ако во најскоро време не се реши што и како со неа, тогаш капитенот Аријан Адеми и неговите соиграчи ќе мораат во Европа да играат како “гости“, на некој друг стадион.

А опции има три. Две се во Хрватска, во Ријека и Сплит, а една во Марибор. Ако се знае дека нема шанси на “Пољуд“ да биде мирно, и “Торцида“ така мирно ги следи радоста или тагата на “БББ“, тогаш јасно е дека нашиот Адеми и неговите соиграчи ќе играат или во Ријека на стадионот “Рујевац“, или во Марибор на стадионот “Људски врт“.

Инаку своја преселба ќе мора да прави и репрезентацијата на Хрватска, но тогаш Сплит секако дека е во игра.