Има големи шанси Џани Алиоски и Лидс  да останат без шефот на струката, без Марсело “Локо“ Билса. Аргентинецот со контроверзен карактер, веќе две години е во Лидс Јунајтед, но ова лето би можел да го напушти “Еланд Роуд“ и да се пресели во Фиорентина. Ова го јавува италијанската “Арена“, која пренесува дека имало првични контакти, но тоа би се случило само ако Биелса одново не успее да го однесе Лидс во Премиер лигата. Покрај Фиорентина и Хелас Верона не би имала ништо против да го донесе Аргентинецот како тренер во своите редови.

Инаку Биелса во 2016 година беше во Серија А, и тоа во Лацио, и тоа само две дена. Само што беше промовиран тој се налути нешто и демонсттративно си замина. Потоа кариерата го водеше во Лил, а во 2018 се пресели во Лидс.