Поранешниот фудбалер на Зенит и екс-капитен на руската репрезентација Андреј Аршавин се пошегува со своите некогашни соиграчи. На фотографија од цепени дрва ги именува своите некогашни репрезентативни колеги и соиграчи од Зенит: Владимир Бистров, Вјачеслав Малафеев, Владислав Радимов, Анатоли Тимошчук, Павел Погребњак и Александар Кержаков.

Наслов: „Го расклопувам составот“.

Некои ја сфатија шегата, но на некои не им беше сеедно.  Радимов му напиша: „Копиле“ (со насмевка на крајот).