Трофејниот и долгогодишен тренер на женската екипа на Будуќност Драган Аџиќ, остана верен на црногорскиот тим, продолжувајќи го договорот и во следната сезона.

Во новата сезона, екипата би можела два пати да го нападне трофејот за најдобра екипа во Европа, откако годинашниот Ф4 беше преместен за септември, со можно учество на осум тима.

Аџиќ е тренер на Будуќност веќе 10 години, откако во 2010 седна на клупата на црногорскиот тим, и два пати ја освои титулата европски првак во 2012 и 2015 година.

Тој изјавил дека сака да остане во оваа екипа до крајот на кариерата.