Насер Ал-Келаифи во претходните години на „Паркот на принцеви“ успеа да донесе голем број на ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ и Дејвид Бекам, во разговор за „France Football“ откри која е ѕвезда е неговиот денешен сон.

Не е тешко да се погоди, тоа е Кристијано Роналдо.

„Кристијано е играч кој работи на себе секојдневно, секогаш го дава максимумот и ги поместува границите. Му се восхитувам на неговата неуништлива желба, тој е примиер за идните спортисти“, изјави Ал-Келаифи.

Дали ПСЖ ќе се одлучи да го одврзи „кесето“ и да тргне во лов по Португалецот останува да видиме.

Првиот човек на францускиот првак коментираше и за засилувањата на Ибра и Бекам.

„Кога зборуваме за игралите кои не засилија од почетокот мора да го истакнеме карактерот на Ибрахимовиќ, неговата способност да остварува успех и харизма.”Беше секогаш полн со самодоверба и ги исполнуваше сите барања, беше досарснат за предизвици. Иако Бекам мина кратко време, неговото залагање на тренинзи, посветеност на луѓето, желбата за успех и тимската работа за нам беа многу важни“.

Во Франција првенството е завршено, титулата ја доби ПСЖ.