И покрај неверојатниот притисок, и покрај критиките кај дел од јавноста, сепак Њукасл е во рацете на принцот од Саудиска Арабија, Министерот за одбрана Мохамед бин Салман, кој за 390 милиони евра е нов сопственик на Њукасл. Кај човекот кој е делод најбогатото семејство во светот, чие богатство се проценува на 1.3 трилиони долари.

Раководството на Премиер лигата донесе позитивна одлука за трансакција меѓу Бин Салман и Мајк Ешли, па сега се очекува само официјална потврда.

Со тоа Њукасл ќе биде во некоја рака најбогатиот клуб во светот, ако се проценува богатството на семејството Бин Салман.

Сега следува офанзива на трансфер пазарот, прво ќе треба да се донесе екстра тренер, се шпекулира со многумина како Покетино, Алегри и други, а потоа ќе се направи и дрим – тим, кој ќе може да им парира, а и да биде подобар од Ливерпул, Челзи, Сити, Јунајтед, Тотенхем, Арсенал.

Колку е богат тој Бин Салман говори податокот дека за неколку месеци тој “спискал“ милијарда евра онака од шега. За најмодерната јахта прво потрошил 450 милиони евра, потоа купил вила во Франција вредна 300 милиони, како и слика од Леонардо да Винчи, вредна исто така неколку стотина милиони евра.