Грчката кошаркарска лига денеска на состанок одлучи и официјално да прогласи крај на сезоната. На генералното собрание на клубовите исто така е донесена едногласна одлука Панатинаикос да биде прогласен за шампион за сезоната 2019-20. Интересно е што само Панатинаикос гласал воздржано за идејата првенството да биде прекинато, додека сите други клубови гласале „ЗА“.

Генералното собрание, исто така, одлучи дека нема да има испаѓања поради прекинување на сезоната. Сепак, сè уште не е решено колку екипи ќе се натпреваруваат следната сезона. Максималниот би бил 16 клуба, со додавање на два од Втората лига.

Од друга страна, клубовите се во преговори за доведување на евентуална такса од 200.000 евра по клуб, која ќе биде гаранција за да можат да се натпреваруваат во највисоката дивизија, што исто така ќе биде гаранција за плати на играчите.