Германскиот второлигаш Динамо Дрезден има нови два позитивни теста на коронавирус. Клубот кој го стави целиот тим и тренерскиот персонал во изолација две недели почнувајќи од 9 мај, сега јави дека има уште два нови позитивни теста.

Претходно од клубот објавија дека двајца играчи беа позитивни на КОВИД-19 што и доведе до изолација на екипата. Сега двата нови случаи остануваат во карантин, а од сабота се очекува останатите кои имале негативни тестови да почнат со тренинзи.

„Здравствениот оддел во Дрезден делуваше апсолутно одговорно и правилно, со тоа што ја карантираше нашата екипа, затоа што ни овозможи во рана фаза да разбиеме ланец на инфекции во рамките на нашиот тим“, изјави тимскиот доктор, Онис Ал-Сади.

Втората Бундеслига започна во саботата на 16 мај, но Динамо Дрезден не играше затоа што нивните фудбалери беа во изолација.