За точно една недела е закажана нова средба на клубовите од Серија А на која треба да се одлучува за точниот термин на рестарт на сезоната. Денеска претседателот на Торино, Урбано Каиро изјави дека има два реални термини за враќање на фудбалот во Италија – 13 или 20 јуни.

„Се чини дека било решено враќањето да биде на 13 или 20 јуни и дека протоколот е готов. Но, постои голем ризик од повреди на фудбалерите, кои излегуваат на терен по два и пол месеци“, вели првиот човек на „биковите“.

Планот е Серија А да се заврши на крајот на јули, така што цел август ќе остане за европските купови.