Зинедин Зидан и неговите момци почнаа со подготвки за новата сезона. Стратегот на Реал Мадрид по 60 дена одново е со играчите.

„Беше добра недела, можевме да работиме во мали групи. Успеавме да се фокусираме повеќе на тактичкиот, техничкиот и физикиот дел. Верувам дека следната недела ќе бидеме уште подобри. Среќен сум дека одново сум со моите играчи по пауза од 60 дена“, изјави Зидан.

Реал Мадрид е зад Барселона на два бода и до крајот се очекува неизвесна трка за титулата.

„Играчите сакаат да играат. Останаа уште 11 натпревари и ќе се подготвиме најдобро за крајот на сезоната. Ќе дадеме се од себе да го освоиме трофејот, нашата ДНК е да освојуваме трофеи“.