Иако имаше опција да го купи за 12 милиони евра по завршувањето на сезоната, сепак, Интер ќе го врати Виктор Мозес на Челзи.

Тој настапува во италијанскиот клуб како позајмен од Челзи, но ќе се врати во Лондон.

Мозес најпрво беше позајмен во Фенербахче, а во јануари на повик на Антонио Конте се пресели на „Сан Сиро“. Сепак, тој одигра само три меча до сега, и не ги задоволи вкусовите, со што по завршувањето на сезоната ќе заврши и со Интер.