Леон Делеон, директорот на српската кошаркарска Супер лига, вели дека според неговите информации, Евролигата нема да продолжи.

Одлуката за судбината на оваа сезона ќе биде донесена на крајот на мај, а се чини дека прекинот на сезоната е реален исход.

„Според информациите што ги имам, Евролигата нема да продолжи. Тоа ќе ни одговарало, затоа што ќе го растовари натпреварувачкиот календар. Влијанието на коронавирусот врз финансиската состојба не треба да се занемарува“ , изјавил првиот човек на српската Супер лига.