Шпанска “Марка“ се обиде да го создаде или направи идеалниот голгетер на сите времиња. Па така одбра деветмина “генијалци“ од кои зема по малку за да дојде до совршениот.

Дали успеа во тоа, останува сами да си процениме:

МОЌ – Луис Назарио да Лима Роналдо (тој е персонификација на фудбалска моќ)

БРЗИНА – Џејми Варди (чиста брзина, тој потсетува на ловџиско куче)

ЕЛЕГАНЦИЈА – Марко ван Бастен (способност секого да го натера како танцува на теребот)

ЛЕВА НОГА – Лео Меси (нема потреба од коментар)

ДЕСНА НОГА – Килијан Мбапе (исто нема потреба од коментар)

ИГРА СО ГЛАВА – Карлос Сантиљана (скока, потоа лебди во воздух и дава гол со глава, антологиски сцени)

ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ШАНСИТЕ – Герд Милер (вроден инстинкт за гол, секогаш на вистинско место во вистинско време)

ГОЛГЕТЕРСКИ ИНСТИНКТ – Гери Линекер (секогаш пред сите пред голот)

ЛИЧНОСТ – Кристијано Роналдо (многу важно, Кристијано знае како да се истакне).

Значи “Марка“ зема по малку од бразилскиот Роналдо, Варди, ван Бастен, Меси, Сантиљана, Милер, Линекер, Кристијано и Мбапе за да дојде од идеалниот голгетер во историјата на фудбалот.