Ла Лига ќе се врати на терените со градското дерби во Севиља меѓу Севиља и Бетис кое ќе се одигра на 12 јуни, петок, во подоцнежен вечерен термин.

Веста беше презентирана во емисијата „Ел Партидацо“ на Кадена Копе, каде се вели дека веста ќе биде официјализирана во документот, кој ќе биде испратен до сите клубови членки на 28 мај.

Планот кој е веќе изготвен опфаќа распоред на 11 кола кои треба да завршат во последната недела на јули.

Спортскиот директор на Севиља, Мончи уште пред неколку дена изјави: „Нема подобар начин од тој Ла Лига да се врати со ова дерби“.