Селекторот на Италија Роберто Манчини тврди дека никој не се нафаќал да го води националниот тим после она фијаско и не учеството на СП 2018 во Русија. Манчини вели дека тој имал визија да создаде нешто специјално и затоа прифатил.

Пред да дојдам, никој не сакаше да биде селектор на Италија. Ме прашаа и јас прифатив. Многумина се плашеа да се ’скокнат’  во морето со проблеми, но ваквите моменти се дел од фудаблот и само ви треба мала самодоверба и верба во квалитетите на младите играчи. Мојата идеја беше да создадам нешто посебно, да ги придвижам играчите и навивачите, да направам добра атмосфера.

Италија отсекогаш имала одлични фудбалери, а и денеска е така. Не секогаш е лесно да се победува, дури и против слаби противници, а ние сакавме да направиме нешто поинакво од претходно. Сега требаше да играме два важни пријателски натпревари, со Англија на ’Вембли’ и со Германија во Нирнберг и потоа да се спремаме за ЕП. Но коронавирусот ги смени плановите. Сепак, се надевам дека овие млади момци кои ги селектирав идната година ќе влезат поискусни и подобри“, вели Манчини.