Раководството на Мерцедес одлучи со кој состав ќе настапи во сезоната 2021.

Според медиумите во Германија, германскиот тим решил да го замени финскиот пилот Валтери Ботас со Британецот, Џорџ Расел, кој вози за Вилијамс.

Финецот може да продолжи кариера во Рено, додека Луис Хамилтон ќе го задржи статусот на прв пилот во германскиот тим.

Исто така најверојатно раководството на Мерцедес не сака да ризикува со потпишување на Себастијан Фетел, кој ќе го напушти Ферари по 2020 година.