Милан испрати порака до челниците на ПСЖ да заборават на нивниот играч. Станува збор за Тео Хернандез, за кого Парижаните се подготвени да платат 30 милиони евра за да се пресели на „Паркот на Принцовите“. Но, од таборот на „росонерите“ имаат поинакви планови, и немаат намера да го пуштат левиот бек без најмалку 50 милиони.

Според статистиката, Хернандез е вториот најпродуктивен играч во Милан сезонава, после Анте Ребиќ.

Според информациите, ПСЖ подготвува втора понуда во висина од 30 милиони евра.