Ивица Драгутиновиќ, некогашен познат српски  фудбалер и репрезентативец на таа земја, остана без својот скапоцен “Ренџ Ровер“ вреден 100.000 евра. Тој го оставил својот автомобил во вулканизерска работилница и останал без него, ова се случувало во Белград. Според пишувањето на медиумите во Србија, газдата на работилницата прво пријавил дека го нема автомобилот, а потоа бил запознат и самиот Драгутиновиќ, кој се уште не дал свој коментар за кражбата.