Тимовите во НБА-лигата очекуваат околу 1. јуни да добијат упатства за враќање на играчите кои ги напуштија градовите во кои ги играат домашните натпревари поради пандемијата коронавирус, ова значи дека најсилното светско клупско натпреварување треба да продолжи на почетокот на јули.

Во исто време најверојатно ќе биде дозволени и тренинзи во поголеми групи, покрај кошаркарите присутни ќе бидат и повеќе клупски членови, објави ЕСПН, кој се повикува на неименован извор.

Поради „Ковид-19“, НБА-лигата беше прекината на 11. март, во моментов челниците прават детални планови за продолжение, за почеток играчите ќе бидат во карантин, две недели ќе бидат резервирани за индивидуални тренинзи, а потоа две до три недели ќе се одржат групни тренинзи во камповите на тимовите.

Дел останаа, дел заминаа како Лука Дончиќ од Далас Маверикс и покрај препораките на НБА-лигата. Адам Силвер верува дека САД ќе помогне во враќање на овие кошаркари.