Конечно добро е што е отвори дебата, полемика за судбината на Вардар. Па така вечерва, покрај другото, за оваа во телевизискиот дуел на ТВ 21 полемизираа за судбината на нашиот најтрофеен клуб градоначалникот на Скопје Петре Шилегов од СДСМ, и Владимир Нелоски, кој е член на ИО на ВМРО –ДПМНЕ и поранешен фудбалер на Вардар. 

На прашањето на Нелоски што и како со Вардар, Шилегов имаше свое излагање.

“Врадар е во каква состојба затоа што ситуацијата во спортот во светот е влошена. Она што јас како сознание го знам во овој момент Вардар е должен над 2 милиони евра. Секој добар совет кој што е значи влез на тие пари,и  за мене ќе биде добар, јас ќе го прифатам. Ако вие имате начин да му се помогне и јас сум тука. Еве најдете два милиони евра да го спасиме Вардар. Инаку се знае дека Вардар може да биде вратен на градот само со салдо нула долгови, како што и беше тогаш даден на господинот Сергеј Самсоненко“.

Се очекува во наредните денови да се види дали ова иницијатива, ако може така да се каже, или заинтересираност, ќе вроди со плод. Секако дека Вардар е преголем бренд за да се дозволи да пропадне, па и за два милиони евра.

Нели, Вардар вреди многу, многу повеќе.