По сите денешни шпакулации во холандските медиуми, вечерва дојде и официјална потврда. Некогашниот фудбалер на Милан и Лацио и долгогодишен репрезентативец на Холандија, Јап Стам, од денеска е нов тренер на МЛС тимот, Синсинати.

Тој заминува во САД како замена за неговиот сонародник Рон Јанс, кој мораше да го напушти клубот порано во претходната сезона, поради истрагата на Американското здружение на фудбалери на МЛС за давање „несоодветни коментари“.

Поранешниот стопер на Јунајтед како тренер имаше можност да ги предводи Рединг во Чемпионшип и Цволе во Ередивизие, како и младите категории на Ајакс.