Од ден на ден Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, со своите понекогаш навистина чудни изјави и размислувања, дига се повеќе“врева“ во светот, посебно во спортскиот.

По изјавата дека тој нема намера да се вакцинира против Ковид-19, свој коментар имаше и вториот човек на ФИФА Виктор Монтаљани, инаку канаѓанец од италијанско потекло:

“Новак е против вакцина? Па, можеби ќе има проблеми поради тоа. Да претпоставиме дека за влез во една земја треба документ со кој се докажува дека е вакциниран, а тој тоа го нема, и секако дека не може да влезе таа држава. Па не ќе може и да игра на турнир во таа земја, и ќе мора да се врати во својата Србија, во Белград. Тоа е сериозен проблем, но тоа не треба да го решаваат спортските работници туку политичарите. Да видиме допрва што тие ќе решат по ова прашање“ изјавил Монтаљани.