Раководстворо на Севиља е вцрсто решено да го врати во тимот хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ. Денешна „Марка“ тврди дека иако неговиот договор истекува следната година, Севиља влегува во силна битка со конкуренцијата за да го врати хрватскиот играч од средниот ред во тимот уште ова лето.

Најавите велат дека од „Писхуан“ подготвиле сума од 20 милиони евра која ќе ја понудат за неговиот потпис.

„Среќен сум за секој гол на Севиља. Би било супер да се вратам. Ако е можно, тоа ќе биде многу специјално за мене“, рекол Ракитиќ.