Иако премиер-лигашките тимови се вратија на стадионите, сепак дел од нив не се во полн состав. Во таборот на Челзи веќе втор ден на тренинг го нема Нголо Канте, кој доби дозвола од Челзи да остане дома поради страв од пандемијата коронавирус.

Францускиот фудбалер ги мина тестирањата, резултатот беше негативен, но засега не се чвуствува сигурно, па токму затоа тренинзите ќе ги обавува во неговиот дом. Не е познато дали Канте ќе им се приклучи на своите соиграчи.

Тој пред две години остана без постариот брат, кој непосредно пред СП почина од срцев удар, Канте на 11 години остана без својот татко. Исто пред две години се колабрираше на тренинг, иако прегледите покажаа дека нема проблем со срцето, сепак не настапи на следниот натпревар.