Голем скандал во Србија. Имено, како што пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед, таму ретко кој, или поточно никој не ги почитува правилата и прописите во однос на протоколите за Ковид-19. Сега е на сила уредба со која може да се тренира, но клубовите играат и официјални пријателски натпревари без да се испочитуваат протоколи, некои дури беа пренесувани на ТВ.
Навистина неверојатно, а државата си молчи, како тоа да не се случва во Србија, туку на Марс.

Како што пишуваат “Курир“ и “Журнал“, сите клубови играат натпревари, без да имаат дозвола за тоа. Пред некој ден беше прекината средбата меѓу Пролетер и Кабел, откако на сред натпревар им текнало дека немаат дозвола.

Се наведуваат навистина шокантни работи, а една од тие дека сите клубови, па и оние најголемите и најпознатите, играат деновиве пријателски натпревари  од затворен тип, без записници, без присуство на новинари, а притоа кажуваат дека само тренираат.

Ете, тоа е Балканот, тоа е Србија…