На една ТВ станица во Турција, во емисијата „Фудбал Арена“, неодамна беше направена детална анализа за тоа што прават клубовите кои во последните 5-6 години од европските купови ги елиминираа Галатасарај, Бешикташ, Фенербахче, Трабзонспор… гигантите на турскиот фудбал. Се разбира дека покрај Тромзо, Остерсунд, Валеренга, Карпати Лвов, беа споменати и нашите најтрофејни клубови Вардар и Работнички, за кои турските анализи велат дека тие просто се “дават“ во Македонија.

За Вардар, кој во 2017 година во плеј – офот во Лигата на Европа беше подобар од Фенер и се пласира во групната фаза во тоа натпреварување,засега тоа е најголем успех на еден македонски клуб, се вели дека е пред банкрот.

“Вардар и пред кризата со коронавирусот имаше финансиски проблеми. Тој клуб е пред банкрот, веќе втора година има проблем со (не)добивањето на лиценцата која е неопходна за настап во Европа. Лани за 800.000 евра не успеа да игра во квалификациите во квалификациите во Лигата на Европа. Кризата веќе подолго време е во најтрофејниот македонски клуб, кој пред три години беше подобар од нашиот гигант Фенербахче“ велат турците за Вардар.

TRABZON, TURKEY – AUGUST 6: Constant of Trabzonspor reacts after the UEFA Europa League 3rd qualifying round second leg match between Trabzonspor and Rabotnicki at Huseyin Avni Aker Stadium in Trabzon, Turkey on August 6, 2015. (Photo by Hakan Burak Altunoz/Anadolu Agency/Getty Images)

Додека пак за Работнички нивната анализа вели…

“Работнички во 2015 година година го елиминира Трабзонспор во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Потоа македонскиот клуб пак не успеа да го мине Рубин Казан во плеј – офот. Работнички е клуб кој продуцира млади играчи, млади таленти, но и покрај тоа изнаоѓаше начин да има успешни настапи во Европа. Но сега не е така, Работнички веќе втора сезона е во долниот дел на табелата, не успева да избори пласман во фудбалска Европа“.