Германскиот третолигаш Вирцбургер Кикерс направи тимско фото кое го нарече ФОТО  ЗА ИСТОРИЈА. Играчите беа наредении на дистанца од 1,5 метри и сите носеа заштитни маски на лицата.

Оваа фотографија е историска. Ќе не потсети на времето на една опасна болест и на одговорност кој секој требаше да ја преземе“, објавија од клубот.

Градот Вирцбург е еден од најпогодените од КОВИД-19. Со ова фото клубот сака да даде поддршка и кон сите кои во последните неколку недели ги почитуваа препораките и правилата на социјална дистанца и така помогнаа во борбата за ширење на коронавирусот.

Кикерс во понеделникот почнаа со подготовки, а на 30 мај е предвиден рестарт на првенството во Третата лига. По 27 кола Кикерс е на десетото место со 41 бод, девет повеќе од зоната за испаѓање и три од борбата за промоција во Цвајте.