Европското првенство наместо ова лето поради пандемијата коронавирус ќе се одржи следната година. По одложувањето на бројни настани, ситуацијата почна да се стабилизира, но многумина веруваат дека следи втор и трет бран на опасниот вирус, кој ќе направи проблем во ЕУРО 2021.

Сепак првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин не се грижи за следната година, тој е подготвен да се обложи во милион долари дека ЕП ќе се одржи, тоа и го потврди:

„Да, би се обложил. Не мислам дека овој вирус ќе трае засекогаш. Мислам дека ќе заврши многу порано“, изјави Чеферин.

Тој очекува наскоро да се врати и публиката на трибините.

„Подготвени сме да испочитуваме сите препораки, но верувам дека добриот стар фудбал со навивачите наскоро ќе се врати“.

Чеферин не крие дека е загрижен за милионите кои УЕФА може да ги загуби поради пандемијата коронавирус.