Иако во својата гаража има неколку скапоцени автомобили, од типот на Ламборџини, Бентли, Мерцедес, Ферари и други, вчера на првиот тренинг по паузата поради Ковид-19, Мохамед Салах дојде со автомобил кој има скршена шофершајбна. Тоа наиде на мало чудење кај останатите играчи на Ливерпул, но и кај новинарите.

На Салах тоа не му пречеше, напротив, тој немаше никаков проблем да дојде со таков “скршен“ автомобил.

Со оглед на парите кои ги заработува предводејќи го нападот на европскиот првак, секако дека набргу Салах ќе го реши тој мал проблем.