Долго време, можеби една година и повеќе трае кокетирањето меѓу Реал Мадрид и Килијан Мбапе. Флорентино Перез сака по секоја цена да го купи најблескавиот млад играч во светот, и се чини дека е на добар пат тоа да го стори, ама следното лето.

Досега ПСЖ не сакаше ни да чуе за да го пушти Мбапе, но најновите информации од “Паркот на принцовите“ се дека Французинот може да оди, “светците“ нема да прават проблеми, но тоа ќе биде следното лето.

Знaчи Перез конечно ќе ја исполни желбата на фановите на Реал Мадрид.

Но секогаш тука има едно но. Е тоа но, никако нема да му се допадне на Перез, а тоа е дека Леонардо, спортскиот директор на ПСЖ има намера место Мбапе во клубот да го донесе Ерлинг Халанд, и тоа ако не следното лето, тогаш во јуни 2022 година, кога му истекува на Норвежанецот договорот со Борусија Дортмунд.

Велиме нема да му се допадне на Реал, зошто Перез планира во наредните неколку години во својот напад да ги има Азар, Мбапе и токму Халанд.

Но нели, не секогаш во животот желбите и плановите ти се остваруваат.