Не е тајна дека во Шанија, па и во светот, најголеми клубови се Реал Мадрид и Барселона. И тие си имаат свои фанови, а меѓу нив се и судиите кои навиваат за овие два клуба.

Тоа го признава Итуралде Гонзалес, некогаш еден од најдобрите шпански судии.

Па судиите не се падната од Марс, и тие се луѓ, и тие го сакаат фудбалот, си имаат свои фаворити и свои омилени клубови. Ова не важи само за оние кои се од Билбао, и јас сум од Билбао, за нас постои само Атлетик и затоа не навивав ниту за Реал ниту за Барса. Инаку според мене, а верувајте дека е така, 90% од судите навиваат за Реал, а 10% се фанови на Барселона. Сепак не значи дека кога тие им судат на Реал и Барса не се професионалци, напротив“ истакна Гонзалес.