Денеска конечно треба да се одлучи што и како со мак – фудбалот. Одново ќе има собир на прволигашите со челниците на ФФМ. Познато е дека подготвени се протоколите, денеска треба да присуствува и инфектолот Караџовски од кризниот штаб.

Како што дознаваме една од опциите, се разбира ако се игра, да се доиграат уште четири кола, а потоа да се игра плеј – оф за титулата. Првите шест екипи да одиграат уште по пет натпревари, додека последните четири ќе играат во плеј – аутот, и тоа секој со секого и тоа дома – гости. Значи тие би играче уште шест меча, а тие што ќе играат за титулата уште пет.

Планирано е да се игра и Купот на Македонија.

Инаку јасно е дека ако се игра, тогаш ќе има и испаѓање. И ако се игра во Првата лига, тогаш ќе се доиграат и мечевите во двете втори лиги. Ова е опцијата која се “бутка“. Инаку познато е дека многу работи зависат од судбината на Вардар и (не)добивањето на лиценцата.

Познато е дека неколку клубови се против играње, а тоа се Борец, Ренова, Силекс, Струга ТЛ, но рековме веќе, денеска на состанокот се треба да се одлучи.

Едноставно нема веќе време за чекање.

Денеска и дефинитивно треба да се знае дали ќе се доигра