Втор викенд по паузата од два месеци поради пандемијата коронавирус во Германија ќе се игра фудбал, но пред празни трибини.

Борусија Мехенгладбах најде начин како да ја ублажи траорната атмосфера, добро е познато дека фановите за нешто помалку од 20 евра можат да добијат своја картонска фигура на „Борусија Парк“. Средствата собрани од оваа акција челниците на клубот ќе ги донираат во хуманитарни цели.

Овој тим утре е домаќин на Баер Леверкузен, па на стадионот веќе се поставени околу 20.000 картонски фотографии со ликот на навивачите.