Веселин Вујовиќ и ППД Загреб ја прекинаа соработката по само осум месеци. Хрватскиот тим на својот профил на „Фејсбук“ објави дека ја прекинуваат соработката поради приватни причини на тренерот.

Вујовиќ во втората половина од минатата година повторно го превзеде кормилото на Загреб, втор пат во неговата кариера откако го водеше тимот и од 2014 до 2016 година.

„Од лични причини Вујовиќ го напушта кормилото на ППД Загреб. Му посакуваме се најдобро во кариерата“, соопштија од ППД Загреб.