Тиражниот „Газета дело Спорт“ ги одбра најлошите 11 играчи во Серија „А“ за оваа сезона. Таму се најдоа некои скапи засилувања, кои никако не ги оправдаа очекувањата од страна на тренерите, сопствениците и навивачите.

На голот на овој тим се најде Алекс Мерет од Наполи. Чуварот на мрежата дојде од Удинезе за 20 милиони евра, но лошата форма во последно време го стави на клупата, па предност сега добива Оспина.

Последната линија ја сочинуваат Антонио Барека од Џенова, Спинацола од Рома, Вавро од Лацио и Диего Годин од Интер. Сите четворица стигнаа во наведените клубови минатото лето.

Во средниот ред се најде Адриен Рабио од Јувентус, Хавиер Пасторе кој игра во Рома, и Луис Пакета кој никако не успеа да се вклопи во играта на Милан.

Во офанзивниот дел се најдоа Ирвинг Лозано од Наполи кој беше платен 38 милиони евра, потоа Симоне Верди од Торино и Алексис Санчез од Интер.