Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и официјално се договори со првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски. По пауза од три години, Талески се враќа во Скопје и тоа во дресот на европскиот првак со кого потпиша едногодишен договор.

СПОРТМЕДИА уште на стартот најави дека репрезентативецот е желба на стратегот, Стевче Алушовски. Иако имаше понуди од бундес-лигашите, сепак на крајот одлучи да го облече „црвено-црниот“ дрес и да биде дел од тимот кој во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампиони.

Талески почна во Металург, по што замина во Рајн Некар, по две години се пресели во тимот на Балинген со кого се раздели пред еден месец.

Вардар ги продолжи договорите со Стоилов, Чупиќ, Дибиров, Калараш, Дисингер, Ристовски, Мишевски и Кизиќ. Нови имиња се Талески, Санталов. Јагуриновски и Кантегрел.