Поранешниот играч на Вердер, Иван Класниќ истакна дека се срами од сегашните играчи на германскиот тим, по поразот од Баер Леверкузен од 1:4 на „рестартот“ на Бундеслигата. Тој им порача на сегашните играчи дека со неговите 40 години ќе одигра подобро од нив. Им порача да даваат се од себе, и да не дозволат тимот да испадне од лигата.

„Играчите треба да се срамат, јас на 40 години сега да влезам ќе одиграм подобро. Слушам само изговори, а треба да се запрашаат дали даваат 100% од своите можности“, рече Класниќ кој додаде дека оваа криза тешко ќе падне на Вердер и дека тешко ќе ја издржи од финансиски аспект, но им порача на сегашните играчи да се борат за клубот да не испадне во 2. лига.