Јирген Клоп е еден од оние тренери кои нема да го видите во скапи одела за време на натпреварите. Стратегот на Ливерпул секога е во тренерки, откри зошто го одбрал ваквиот стил.

„Еден ден бев играч, а веќе следниот тренер. Во осблекувалната имаше само една тренерка која ја носеше мојот претходник. Воопшто не ми прилегаше, но во тој момент бев фокусиран на мечот. Знам дека тоа не е најдобар избор, особено кога си јавна личност, но јас се чувствувам најдобро во тренерки“, изјави Клоп.

Според него најдобар стил има Пеп Гвардиола. Клоп додаде дека за него облеката не е важна.

„Можете да станете светски првак во тренерки, исто како во одело“.