Марсеј, Борди и Сент – Етјен, се пред банкрот. Како што јавуваат медиумите во Франција, овие три великани на францускиот фудбал, заедно имаат долг од 160 милиони евра, и тоа само за минатата сезона. Корона кризата на големо ги „удри“ фудбалските клубови, и тешко дека во скора иднина ќе се опорават. Инаку државата им вети помош од 200 милиони еврана прволигашките клубови, но тоа е малку, а и најголем дел од тие пари ќе одат во касата на ПСЖ, кој и онака нема проблем со парите. Имено “колачот“ ќе се дели според местата на табелата.

Инаку најголемите губитоци клубовите ги имаат поради фактот дека Канал+ одби да им ги исплати парите за ТВ првата со оглед на тоа дека сеозната беше прекината.Кога сме кај парите, интересно е тоа што сите клубови од Лига 1 заедно се во долгови од неверојатни 430 милиони евра.