Кошаркарот на Оклахома и германски репрезентативец, Денис Шрудер стана единствен сопственик на германскиот кошаркарски клуб Брауншвајг во кој ја започна својата кариера.

Германецот е роден во градот Брауншвајг, таму ги направи првите кошаркарски чекори, а од 2018 година беше мнозински сопственик на клубот. Од денеска, тој целосно го презеде управувањето со тимот.

„Среќен сум што станав сопственик на Брауншваиг. Брауншвајг е моето родно место, сакам да вратам нешто кон регионот. Верувам дека клубот може да се развие и да стане најдобар во лигата“, изјавил Шрудер.